Top Sport

Олимписката легенда Фара не успеа да се квалификува за Токио

Четирикратниот олимписки шампион, Британецот Мо Фара не успеа да се квалификува за Олимписките игри во Токио и нема да ја брани својата титула на 10.000 метри.

Фара, кој има освоено две злата на 5.000 метри и две на 10.000 метри, не успеа да го постави потребното квалификациско време на Британскиот шампионат во Манчестер. Нему му беше потребно време од 27:28.00, но наместо тоа истрча 27:47.04 и нема да ја брани титулата од 2012 и 2016.

„Излегов таму и го дадов мојот максимум. Имав прекрасна кариера и благодарен сум на тоа. Тоа е се што можев да направам. Вечерва не бев доволно добар“, вели Фара.

Трката во Манчестер беше поставена токму за Фара да може да постави квалификациско време. Ова беше првпат по цела деценија тој да загуби трка на 10.000 метри, откако од 2017 се фокусираше на маратонските трки.

Scroll to Top