Кубанскиот боксер Луис Ортиз ќе добие нова шанса да боксува за ВБЦ титулата во тешка категорија против Дионтеј Вајлдер, откако ВБЦ го „ослободи“ по позитивниот допинг-тест.
38-годишниот Ортиз требаше да боксува со Вајлдер на почетокот на минатиот месец, но поради позитивниот тест на негово место дојде Бермејн Стиверн, кој беше декласиран и „смачкан“ во една рунда.
„ВБЦ одреди дека Ортиз користел лекови против висок притисок и затоа бил позитивен на тестот. Ние ќе ја следиме ситуацијата, но тој ќе добие право да боксува и нема да биде суспендиран“, велат од ВБЦ.
Ортиз нема пораз во своите 29 професионални мечеви, но два меча му биле поништени. Тој има нокаутирано 23 од своите противници.