Кубанецот Луис Ортиз повторно влезе во „игра“ за трофеите во тешка категорија, откако на Флорида во втората рунда го уништи Даниел Марц по што по вторпат договори меч со ВБА шампионот, Дионтеј Вајлдер.
38-годишниот Ортиз, со прекар „Кинг Конг“ уште нема пораз во кариерата, а својата сила ја покажа против слабиот Марц за 28 победа во кариерата, по што во рингот му се приклучи Американецот Дионтеј Вајлдер (29-0), носителот на ВБЦ титулата и го предизвика на меч.
„Те барав и повторно ќе ти дадам шанса. Ти си еден од најдобриот, но јас сум апсолутно најдобриот“, изјави Вајлдер.
Ортиз требаше да му биде противник на Вајлдер на почетокот на ноември, но падна на допинг-тест, пред да биде ослободен од обвиненијата бидејќи средствата ги користел поради високиот крвен притисок.
Со ова сме блиску до два меча за титула во тешка категорија во 2018 година – Вајлдер против Ортиз и Ентони Џошуа (ИБФ, ИБО, ВБА) против Новозеланѓанецот Џошуа Паркер. Иако, веруваме дека најголем број од фановите сакаат да ги видат Џошуа и Вајлдер, двајцата најимпресивни тешкаши во пресметка за тронот.