Top Sport

Осака и Брејди изборија финале во Мелбурн

Наоми Осака и Џенифер Брејди ќе играат во финалето на Австралија опен. Јапонката во полу-финалето, во два сета, ја победи ветеранката Серена Вилијамс.

Мечот започна со брејк на Серена, предност од 2:0 и нова шанса брејк. Откако не ја искористи Осака влезе во серија, направи пресврт, поведе со 4:2 и на крајот го освои сетот.

Освоениот сет дополнителни и ја крена самодовербата на младата Јапонка. Играше одлично, а мала слабост покажа во осмиот гем, кога лошо сервираше и дозволи брејк. Сепак веќе во наредниот возврати со ри-брејк, а потоа и ја прослави конечната победа.

Осака, во финалето ќе игра против Џенифер Брејди.

Американката по голема борба ја победи тенисерката од Чешка Каролина Мухова. Еден час и 57 минути траеше борбата која во три сета и припадна на Брејди со 6/4, 3/6, 6/4.

Scroll to Top