Top Sport

Осака нема да игра на турнирот во Доха, има повреда на грбот

Првата светска тенисерка во моментов, Јапонката Наоми Осака го откажа настапот на силниот турнир во Доха кој стартува во понеделник. Јапонката соопшти дека има повреда на грбот, па ќе мора да паузира.

Осака неодамна го освои Австралија Опен, втор гренд слем во нејзината кариера, со што се искачи на врвот на ВТА листата.

Јапонската тенисерка и минатата година имаше проблеми со грбот поради што го пропушти турнирот во Хонг Конг.
Организаторите на турнирот во Доха потврдија дека на натпреварувањето нема да настапи и Коко Вандевеј поради повреда.

Прв носител во Доха ќе биде Симона Халеп, третата светска тенисерка во моментов. Турнирот ќе се игра за награден фонд од 916.130 долари.

Scroll to Top