Top Sport

Серхио Рамос со најмногу картони во Реал, во ЛШ, во Ла лига и кај „Фуријата“ (видео)

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа по „Ел класико“ стана рекордер, ама неславен.

Тој синоќа доби жолт картон по еден дуел со Семедо, со што стана играчот кој има добиено најмногу картони на дуелите меѓу Реал и Барса.

Рамос синоќа го одигра 42-то „Ел класико“ на кое го заработи 17-от картон.

Сепак Рамос не е рекордер само во овој двобој, тој е запишан во неславната листа и во неколку други категории.

Рамос е фудбалерот на Реал Мадрид со најмногу картони во историјата на клубот. Тој е прв и со најмногу картони и во Лигата на шампиони, во Ла Лига, но и во репрезентацијата на Шпанија.

„Валканиот“ Рамос во кариерата има околу 300 жолти и дури 24 црвени картони.

Погледнете зошто поцрвенел:
https://youtube.com/watch?v=Ro0gL3e7V8Q

Scroll to Top