Многу прашалници се отворија кога јапонската тенисерка Наоми Осака реши да се повлече од Ролан Гарос. Таа тогаш изјави дека главната причина за нејзиното откажување е тешката борба со депресијата која и стоела како „меч над главата“ долг период.
Сега, кога се чувствува подобро, решила во неколку епизоди да го прикаже својот живот, за почетокот на кариерата, а воедно и за неа најважната тема – борбата со депресијата.
Осака ја нема ниту на Вимблдон, а една од главните причини покрај депресијата е и одбивањето да разговара со медиумите. Неколкупати истакнува дека е многу анксиозна кога се наоѓа пред камери.
Осака истакна дека со депресијата се бори уште од 2018 година кога го освои својот прв грен слем на САД опен.
Документарниот филм се очекува премиерно да биде прикажан на „Нетфликс“ на 16. јули, а нејзиното враќање на терените се очекува на домашен терен – на ОИ во Токио.