Јапонката Наоми Осака го исполни ветувањето и не зборуваше со новинарите по победничкиот старт на Ролан Гарос.
Осака со 6:4/7:6(4) ја совлада Романката Патрисија Марија Тиг, откако се намачи во вториот сет за да обезбеди дуел со уште една Романка, Ана Богдан во следното коло. По крајот на мечот, Осака зборуваше со публиката на теренот, и накратко со Фабрис Санторо, поранешниот тенисер кој разговара со натпреварувачите во Париз.
„Мислам дека работам добро. Се надевам дека како ќе оди турнирот понатаму ќе играм подобро“, изјави четирикратната гренд слем шампионка, која претходно го нема минато третото коло на Ролан Гарос.
Второто коло беше недостижно за трикратната гренд слем шампионка, Анџелике Кербер, која загуби со 6:2/6:4 од украинската квалификантка Анхелина Калинина, која е 139. на ВТА листата. Ролан Гарос е единствениот гренд слем кој Германката го нема освоено и ова е осми пат во 14 настапи таа да загуби во првото коло.