Наоми Осака призна дека огромното внимание кое и беше посветено по фантастичниот раст на нејзината игра, но и изненадувачката разделба со тренерот Саша Бајин биле фактор во поразот во нејзиниот прв меч по Австралија опен.
Во првиот меч како светска тенисерка број 1, Осака направи низа грешки пред да загуби со 6:3/6:3 од Французинката Кристина Младенович во првото коло на Дубаи опен. Инаку, Младенович немаше победа во 2019 пред овој турнир.
„Не можев да ги блокирам реакциите од смената на тренерот и овој меч е резултат на тоа. Сега, тоа е веста и малку е тешко за мене бидејќи луѓето се ѕверат во мене и тоа не на убав начин“, изјави Осака низ солзи по мечот.
Во Дубаи, Осака беше придружувана со тренерот од Јапонската тениска федерација, Масаши Јошикава, кој ја познава од јуниорските денови.
„Мислам дека луѓето не сфаќаат во каква позиција сум, бидејќи пред една година не бев ниту блиску до топ 10. Луѓето не ме забележуваа и тоа ми одговараше“, додава Осака.
Фото: ЕПА