Името на Калил Јендуби не е многу познато во светот на спортот, но денес овој Тунижанец ги има своите 5 минути.
Освен што освои сребрен медал на ОИ во Токио во таеквондо, во категорија до 58 килограми, Јендуби стана хит и во медиумите поради својот изглед.
На прв поглед Тунижанецот потсетува на голгетерот на Манчестер Јунајтед, Португалецот Бруно Фернандеш.
Англиски новинар го праша таеквондистот што мисли по тоа прашање, одговорот е:
„Не се согласувам. Знам дека тоа ве забавува, но мислам дека повеќе потсетувам на Месут Озил“.
Еве фотографија и од Озил: