ИТФ турнирот во Доха, Катар го „промовираше“ во мала ѕвезда можеби најлошиот тенисер на светот, Украинецот Артем Бахмет, откако тој загуби со неверојатни 6:0/6:0 од Критик Коајкул во меч во кој не освои ниту еден поен, а според видеото кое се појави, не беше ниту блиску.
Бахмет загуби без освоен поен од Тајланѓанецот Коајкул за само 22 минути, а уште поинтересно за него нема многу информации ниту од Украинската тениска федерација. Позната е неговата возраст – 22 години и дека ова му е првиот турнир.
Скептиците пак, коментираат дека ситуацијата не е толку безопасна – наводно Бахмет е поврзан со обложувачката мафија од Украина, откако неодамна беше суспендирана уште една анонимна украинска тенисерка, Хелена Плоскина, која доби доживотна суспензија и казна 20.000 долари.
Koaykul beats Bahmet 6-0 6-0 in Doha, golden match, 48/48 points, here’s the last few pic.twitter.com/DVcIZos47u
— Harry (@stokaljona) December 9, 2019