Онс Жабер, Тунижанката која неодамна стана првата арапска тенисерка со ВТА титула, се врати од сет негатива, поврати на теренот, па ја елиминираше шампионката од 2017 година, Гарбиње Мугуруза со 5:7/6:3/6:2.
Сепак, најзабавно и најинтересно не беше повраќањето, туку низата атрактивни удари кои ги упати тенисерката од Тунис, која имаше дури 44 директни победнички топки.
„Неколку дена имам проблеми со стомакот, а можеби стресот, заморот и возбудата не помогнаа. Понекогаш кога пијам водам имам повеќе проблеми и ми станува многу лошо“, откри 26-годишната Жабер.
What a comeback! ?
Tunisia’s @Ons_Jabeur comes from a set down to beat 2017 champion Garbine Muguruza 5-7, 6-3, 6-2 – Iga Swiatek awaits in the fourth round#Wimbledon pic.twitter.com/cGwkaOmc41
— Wimbledon (@Wimbledon) July 2, 2021