Top Sport

Пакјао на 40 години доминираше над Бронер, сега ри-меч со Мејведер? (видео)

ВБА шампионот во велтер категорија, филипинската боксерска легенда Мани Пакјао доминираше против канадскиот предизвикувач Адриен Бронер во мечот во Лас Вегас за едногласна победа на поени.

Со „пензионираниот“ Флојд Мејведер на трибините, 40-годишниот Пакјао покажа дека иако е 11 години постар од Бронер е побрз од него и дека може да го контролира темпото. Од друга страна, мора да му се честита на Бронер што успеа да остане на нозе и покрај неколку опасни комбинации.

Во својот 70. професионален меч, Пакјао победи со 117:111/116:112 и 116:112 и со Мејведер во публиката веднаш се зголемија шпекулациите за ри-меч меѓу двете боксерски легенди, откако Американецот го победи Пакјао во 2015 година.

„Среќен сум бидејќи бев на високо ниво на тренинзите и во рингот. Бог ми даде добро здравје и на 40 години да победувам. Не верувам дека мојата кариера е завршена и повторно го покажав тоа. Патот продолжува. Сакав да бидам и поагресивен, но тренерот ми советуваше да одам на контра-напади. Флојд е тука? Кажете му да дојде во рингот и ќе боксуваме, немам проблем“, изјави Пакјао.

Scroll to Top