Top Sport

НБА: Пол Џорџ херој на Оклахома, прво исклучување за Дончиќ, Јокиќ во топ-форма (видео)

Пол Џорџ постигна 31 поен, вклучувајќи ја и тројката со дополнително слободно фрлање на 5.1 секунди пред крајот за Оклахома Сити тандер да стигнат до драматична 117:115 победа над 76ерс во Филаделфија.

Неверојатниот финиш дојде само секунди откако Џими Батлер ги постави домаќините во предност со украдена топка и положување на 6.9 секунди пред крајот. Расел Вестбрук заврши со 21 поен, 10 скока и 6 асистенции, но беше исфрлен од игра на 14.9 секунди пред крајот. Со оваа победа, Оклахома Сити ја продолжи доминацијата над тимот на Филаделфија со 19-та победа едноподруго. Филаделфија го нема победено тимот на Оклахома Сити од времето кога тимот беше познат како Сиетл суперсоникс.

Драматично беше и во Хјустон, каде што на Рокитс им беше потребно продолжение за да стигнат до 138:134 победа над Лос Анџелес лејкерс, откако Ерик Гордон постигна тројка за израмнување во регуларниот дел на две секунди пред крајот, а потоа во „овертајм“ постигна четири слободни фрлања во последните 10 секунди за победа.

Гордон на крајот заврши со 30 поени, и заедно со Џејмс Харден (48 поени, 8 скока и 6 асистенции) беше најзаслужен за победата.

Србинот Никола Јокиќ го имаше својот шести натпревар со трипл-дабл учинок (од кои четири во јануари) за да ги предводи Денвер до 124:102 победа над Кливленд. Јокиќ имаше 19 поени, 12 асистенции и 11 скока во само 28 минути игра, откако паузираше во последната четвртина, а Џамал Мареј постигна 26 поени.

Домантас Сабонис постигна 16 поени за Индијана пејсерси да стигнат до лесна 111:99 победа над Далас маверикс, во меч во кој словенечката руки-сензација, Лука Дончиќ го заработи првото исклучување во НБА кариерата.

Во првата посета на Индијанаполис, Дончиќ доби втора техничка грешка за шутирање на топката во трибините на 3 минути пред крајот на третата четвртина.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Сакраменто 101:103

Индијана – Далас 111:99

Орландо – Милвоки 108:118

Атланта – Бостон 105:113

Торонто – Мемфис 119:90

Чикаго – Мајами 103:117

Хјустон – ЛА лејкерс 138:134 ОТ

Денвер – Кливленд 124:102

Scroll to Top