Top Sport

Парис победи на легендарната патека Штрајф (Видео)

Италијанецот Доминик Парис победи на најпрестижната спуст-трка во светот на скијањето. Парис ја победи конкуренцијата во Кицбил, на легендарната патека Штрајф.

Парис патеката ја мина за 1:56.82 минути и трет пат во кариерата победи во Кицбил. Претходно, Италијанецот на Штрајф беше најбрз во 2013 и 2017 година.

Второто место, со 37 стотинки послабо време од победникот, му припадна на Швајцарецот Беат Фојц. Честа на Австрија ја спаси Отмар Штридингер кој го освои третото место.

foto: epa

Четвртото место го освои Кристоф Инерхофер, петтото Даниел Данклмаер, а првите десет ги комплетираа Бенџамин Томсен, Хансе Рајхелт, Матијас Маер и Матео Марсалја.

Доминик Парис ја забележа третата победа оваа сезона, која му ја донесе втората позиција во генералниот пласман во спуст со 320 поени. Лидер е Фојц со 420 поени, додека трет е Инерхофер со 260 поени.

Во генералниот пласман, во Светскиот куп по 24 трки води Марсел Хиршер со 1.036 поени, втор е Хенрик Кристоферсен со 621, а трет Алекси Пинтаро со 560 поени.

Скијачите в сабота во Кицбил ќе возат слалом.

Scroll to Top