Американската тенисерка Џесика Пегула е првата полуфиналистка на завршниот Мастерс во мексиканскиот град Канкун.
Пегула, во мечот од второто коло ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка со 2:0 (6:4, 6:3) и со тоа го обезбеди првото место во групата А.
Пегула го оствари вториот триумф во Канкун за само 90 минути игра. Таа многу полесно од очекуваното ја победи тенисерката број еден на ВТА листата.
Американката имаше два брејка во првиот сет и поведе со 5:2. Сабаленка врати еден брејк, но не можеше да се врати во сетот.
Во вториот сет Пегула продолжи со одлична игра и стигна до водство од 4:0. При водство на Американката од 5:2, Белорусинката спаси две меч топки и врати еден брејк. Во следниот гем Сабаленка успеа да спаси четири, не и петатат меч топка.
Во вториот натпревар од второто коло од групата А, казахстанската тенисерка Елена Рибакина по два часа ја победи Марија Сакари со 2:1 (6:0, 6:7 (4:7), 7:6 (7:2). и со тоа ја елиминира тенисерката од Грција од понатамошната борба за полуфинале.
Пегула во последното коло ќе игра против Сакари, додека Сабаленка и Рибакина меѓу себе ќе одлучат за второто место групата А.