Top Sport

Пенета и Фоњини по вторпат станаа родители

Поранешната гренд слем шампионка Флавија Пенета и нејзиниот сопруг, тенисерот Фабио Фоњини по вторпат станаа родители, откако на социјалните мрежи објавија дека денеска семејството се зголемило за девојчето Фара, кое се родило во 10 часот наутро со 3.16 килограми.

Пенета и Фоњини се оженија во јуни 2016 година и во 2017 година го добија синот Федерико. Пенета е во тениска пензија, додека Фоњини е 12. на АТП листата и неодамна ангажираше нов тренер, Корадо Барацути за новата сезона.

Ова е само совршен крај на годината за него, откако во 2019 тој стигна до својата прва Мастерс 1000 титула во Монте Карло и стана најстариот тенисер кој влегол во топ 10 на АТП првпат по 38-годишниот Кен Розвел и 35-годишниот Род Лејвер во август 1973 година, кога почна компјутерското рангирање.

Scroll to Top