Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах имал видео-разговор со Пенг Шуаи, по што потврди дека кинеската тенисерка е „сигурна и безбедна“, но побарала да се почитува нејзиното право на приватност.
Со ова, најверојатно, се става крај на случајот околу наводното „исчезнување“ на двократната гренд слем шампионка во двојки, Пенг, која не беше видена од 2 ноември, кога на социјалните мрежи го обвини поранешниот кинески вицепремиер, Жанг Гаоли, за силување, во инцидент кој се случил пред 10 години.
По ова следуваше кампања на дел од тенисерките и тенисерите кои побараа да се гарантира безбедноста на тенисерката, а се активираше и ВТА турнејата. Ниту видеата на кои Пенг беше во ресторан во Пекинг не ги разубедија критичарите, но сега ИОЦ велат дека е сигурно дека таа е безбедна.
Во видео-разговорот од 30 минути покрај Бах учествуваа и членовите на спортската комисија на ИОЦ, Ема Терхо и Ли Лингвеи.
„Таа објасни дека е безбедна, дека живее во својот дом во Пекинг, но дека сака да се почитува нејзината приватност. Времето ќе го поминува со своите пријатели и семејството, а потоа ќе биде вклучена во тенисот, нејзината љубов“, се вели во објавата на ИОЦ по оваа „тивка“ дипломатска победа.
Бах исто така ја поканил Пенг на вечера кога ќе пристигне во Пекинг за Зимската Олимпијада следната година и таа го прифатила тоа.
Today, IOC President Thomas Bach, the Chair of the IOC Athletes' Commission, Emma Terho, and IOC Member in China, Li Lingwei, held a video call with three-time Olympian Peng Shuai from China.
Read here: https://t.co/qUmvaEtIHH pic.twitter.com/UoxtCeHS20
— Athlete365 (@Athlete365) November 21, 2021
Кина објави две бизарни видеа да докаже дека Пенг е „слободна“