Некогаш најдобрата тенисерка во дубл, Шуиа Пенг, го обвини за силување поранешниот вице-премиер на Кина, Жанг Гаоли.
Пензионираниот комунистички функционер има 75 години, заменик премиер на Кина бил во периодот 2013-2018 година.
Женг навела дека тој се обидел да ја силува кога дошла во неговиот дом да игра тенис.
„Тоа попладне не се согласив и не можев да престанам да плачам. Ме донесе во својот дом и ме натера да имаме секс. Немам докази, невозможно беше да се направат. Нема аудио, нема видео снимка. Постои само моето болно искуство“, напишала Пенг.
Шуаи Пенг во 2014 година беше прва на дубл листата. Во сингл, најдобар резултат во кариерата и е пласман во полу-финалето на Ју-ес опен во 2014 година.