Top Sport

Перковиќ остана без медал, па заплака пред камерите

Хрватската фаворитка, Сандра Перковиќ не успеа да стигне до медал во фрлање диск на Олимпијадата во Токио, завршувајќи само на четвртото место.

Американката Валери Олмен со 68.98 метри беше златна пред Германката Кристин Пруденз (66.86) и Кубанката Јаиме Перес (65.72), додека најдобриот обид на Перковиќ беше потпросечни 65.01 метри. Ова е само второ големо натпреварување на кое Перковиќ не освоила барем медал, откако во Лондон во 2012 и во Рио 2016 беше освојувачка на златото.

„Не бев на потребното ниво, нема оправдувања. Во Париз 2024 ќе биде поинаку, се надевам дека ќе бидам подобра. Не сакам брзи серии, но нема да барам оправдувања. Се борев колку што можев, повеќе среќа следниот пат“, изјави низ солзи Перковиќ.

Scroll to Top