Поранешниот освојувач на Светскиот куп и на новогодишната турнеја „4 Скокалници“, Словенецот Петер Превц триумфираше на натпреварувањето од СК во норвешкиот Лилехамер остварувајќи ја својата прва победа по пауза од 1.122 дена, односно од 11 февруари 2017 година.
Превц имаше скокови од 132 и 125.5 поени за да собере 279 поени за триумф пред Германеците Маркус Ајзенбихлер со 278.6 поени (138 и 120.5 метри) и Штефан Лајхе со 277.5 метри (130 и 133 метри).
Во генерален пласман, Австриецот Штефан Крафт останува лидер со 1.645 поени по освоеното осмо место, пред Германецот Карл Гајгер со 1.506 поени (тој беше само 18.) и Полјакот Давид Кубацки 1.137 поени (Полјакот заврши како 28.).