Top Sport

Пијаниот хрватски одбојкарски судија кој стана хит на Интернет

Мечот од 4. коло во хрватската Суперлига помеѓу Ријека и Карловац заврши со 3:1 победа во сетови, но резултатот падна во сенка на неверојатниот линиски судија, кој во очигледна алкохолизирана состојба не го заврши мечот.

Според хрватските медиуми, линискиот судија дошол на натпреварот „мртов пијан“ и не можеше да ја заддржи рамнотежата на теренот, и во еден момент дури падна. Според „Спортске новости“, делегатот на мечот, конечно, во третиот сет го пратил на „ладење“.

Scroll to Top