Top Sport

Јувентус пропуштил да ги донесе Салах и Де Брујне во 2013!

Според италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“, директорот на Јувентус, Федерико Керубини уште во 2013 година планирал да ги донесе во Торино Мохамед Салах и Кевин де Брујне, но клубот решил дека тие не се доволно добри за „бјанконерите“.

Керубини, кој пристигна во Јувентус во 2012 година како соработник на тогашниот генерален директор Бепе Марота, патувал во Германија и Швајцарија како скаут да ги гледа Салах, кој тогаш играше за Базел, и КДБ, кој играше во Вердер. Керубини бил задолжен за младинскиот развој на тимот, и сметал дека тогаш 22-годишниот Де Брујне и 21-годишниот Салах се доволно талентирани за тимот. Но, Јувентус решија да одат со поискусни фудбалери.

Салах потоа отиде во Челси во јануари 2014, пред да игра за Фиорентина и Рома, пред да блесне во Ливерпул. Де Брујне во 2015 година од Вердер замина во Манчестер сити за 76 милиони евра.

Scroll to Top