Top Sport

Плишкова е подготвена за Ролан Гарос, ја крена италијанската титула

Четвртата носителка, Каролина Плишкова ја „збриша“ Британката Џоана Конта со 6:3/6:4 за да ја освои својата најголема титула досега, Италијанскиот опен во Рим.

Плишкова, полуфиналистка од Ролан Гарос од 2017 година, сега има 13 титули во кариерата за совршена подготовка пред овогодишното издание на Францускиот опен, кое стартува на 26 мај. Чехинката не загуби серви во мечот да ја освои својата трета титула на земја во кариерата и да ја прекине фантастичната низа на Британката, која ги победи Слоун Стивенс, Венус Вилијамс и шампионката од Мадрид, Кики Бертенс на патот до финалето.

Сега, Плишкова има седум победи во осум меча против Конта, а со победата се враќа на второто место на ВТА листата, што значи дека ќе биде втора носителка во Париз за седум дена, веднаш зад Јапонката Наоми Осака.

Scroll to Top