Каролина Плишкова и Гарбиње Мугуруза имаа победнички старт на ВТА финалето во Сингапур со лесни победи на стартот на елитниот турнир за најдобрите осум тенисерки во 2017.
Бидејќи на турнирот ќе се одлучи кој ќе ја заврши годината како светска тенисерка број 1, турнирот носи дополнително значење, и неверојатно, седум од осумте тенисерки на турнирот може да стигне до успехот.
Четири од овие тенисерки беа во акција во првиот ден. Плишкова со 6:2/6:2 победа над ветернката Венус Вилијамс го започна првиот турнир со новата тренерка Рене Стабс, по што Мугуруза со 6:3/6:4 беше подобра од шампионката од Ролан Гарос, Јелена Остапенко.
„Мислам дека бев доволно добра на сервис, но резултатот изгледа многу подобро од мојата игра. Не беше лесно, но тука нема да има лоши мечеви“, вели Плишкова.
Во дуелот на двете гренд слем шампионки на турнирот, носителката на трофејот од Вимблдон, Мугуруза беше далеку подобра од 20-годишната Остапенко, за која ова е прв настап во ВТА-финалето.