Top Sport

Плишкова спаси четири меч топки и ја елиминира Серена

Тенисерката од Чешка, Каролина Плишкова спаси четири меч топки и преку Серена Вилијамс избори пласман во полу-финалето на Австралија опен.

Серена во решавачкиот трет сет имаше предност во гемови 5:1 и 40:15, но Плишкова успеа да се спаси од амбисот и на крајот да победи 6/4, 4/6, 7/5.

Еден брејк го реши првиот сет, него го направи Плишкова во петтиот гем. Во вториот сет одново тенисерката од Чешка прва стигна до брејк, меѓутоа Серена веднаш возврати, а потоа започна да ја „меле“ својата противничка.

Американката продолжи со фуриозната игра и во третиот сет, стигна до 5:1, меѓутоа клучен момент беше нејзината повреда. За време на една долга размена Серена го повреди скочниот зглоб.

Поредата на противничката Плишкова ја искористи максимално. Спаси четири меч топки, освои шест гема во низа и ја забележа една од најголемите победи во кариерата.

За пласман во финалето Плишкова ќе игра против Јапонката Наоми Осака, додека во второто полу-финале ќе играат Петра Квитва и Данијел Колинс.

Scroll to Top