Top Sport

Данците признаа дека ја оштетиле Хрватска

Данските судии Мартин Гједлин и Мадс Хансен признале дека ја оштетиле Хрватска во завршницата на натпреварот против Германија (21:22). Во 59.минута тие на Карачиќ му судеа пробивање, во ситуација кога тој веќе ја додаде топката до соиграчот Штрлек, кој имаше зицер за израмнување.

Хрватска го загуби мечот и остана без шанси за пласман во полу-финалето, а во некои комбинации може да остане и без пласман на Олимписките игри во Токио.

По мечот Хрватите „удрија“ под данските судии, а најгласен беше селекторот Лино Червар, кој порачал дек „судењето било за в затвор“.

По критиките упатени на нивна сметка се огласија и Данците што го судеа натпреварот.

„ Не спиевме, но мора да минеме преку ова. Таа одлука имаше влијание и та јас ја донесов. Влијаеше на едната репрезентација. Во најмала рака е дискутабилна ситуација. Ја погледнав 15 пати, двајца играчи влегоа еден во друг, да се досуди прекршок во напад беше погрешна одлука“, рекол Гјединг.

Неговиот партнер Хансен рекол дека грешката се случила, но дека треба да се носат со овој притисок.

„Секако дека кога ќе направите нешто погрешно тоа делува на вас и на вашата гордост и професионализам, но исто така сме свесни дека тоа е дел од оваа работа. Мислам дека добро се носевме со притисокот. Ние сме судии и мора да знаеме да се носиме со тоа, доколку не можеме да го издржиме притисокот тогаш местото не ни е тука“, рекол Хансен.

Decision which decided Germany-Croatia clash for semi-final. What do you think?

Decision which decided Germany-Croatia clash for semi-final. What do you think? Mads Hansen Martin Gjeding

Posted by Handball 2the People on Вторник, 22 јануари 2019

Scroll to Top