Top Sport

Му се изнасмеаја на Шмајхел кога кажа дека Манчестер јунајтед можат до титулата од ЛШ

Петер Шмајхел ја освои легендарната титула од Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед со лудиот пресврт против Баерн Минхен во 1999 година, и е еден од ретките кои верува дека „ѓаволите“ под Ралф Рангник може да го направат истото оваа сезона.

На вчерашниот пренос, тој беше директно запрашан дали верува дека Јунајтед може до големата титула, по што му се изнасмеаја присутните во студиото – Џејми Карагер, Мајка Ричардс и Тјери Анри.

Јунајтед играат во првиот меч од осминафиналето на ЛШ против Атлетико Мадрид следната недела. Тие последен пат играа во финалето в0 2011 година кога загубија од Барселона и оттогаш го немаат поминато четврт-финалето.

Scroll to Top