Македонската одбојкарска репрезентација ќе заврши на четвртото место на Ф4 турнирот од Сребрената Европска лига, откако во мечот за третото место со 3:1 загубија од Летонија по петочниот маратонски пораз од Хрватска.
Нашите момци во петокот пропуштија предност од 2:0 за да загубат со 3:2 од мотивираните Хрвати, а ова дефинитивно влијаеше на моралот во саботната пресметка со Летонија и селекторот Љубомир Травица не успеа да ги мотивира одбојкарите со победа да го завршат настапот. На крајот, Летонија беше подобра со 3:1 (25:20, 25:16, 23:25, 28:26).
Во финалето на Сребрената Европска лига во 19 часот во „Кале“ ќе се пресметаат репрезентациите на Хрватска и Белорусија.