Откако Мајк Тајсон најави планови за враќање во рингот на 53 години за „неколку егзибициски мечеви“, неговиот стар ривал и човек кому му одгриза дел од увото, Ивандер Холифилд го направи истото.
Холифилд, кој има две победи над Тајсон во кариерата, последен пат се бореше во 2011 година, пред во 2014 година да ја потврди пензијата. Сега, тој преку Твитер прати порака која беше протолкувана како најава за враќање.
„Пречка на патот само поставува пат за камбек“, напиша Холифилд.
A setback only paves the way for a comeback ? pic.twitter.com/rBbWyVTL5z
— Evander Holyfield (@holyfield) May 3, 2020
Тој минатата година најави дека има планови дека ќе се врати за егзибициски мечеви во Јапнијам слично како Флојд Мејведер Јуниор кој го уништи јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава на крајот на 2018.
По овие две најави, секако, боксерските фанови посакаа да видат трет меч меѓу Холифилд и Тајсон, иако и двајцата имаат над 50 години.
Тајсон ги освои ВБЦ и ВБА титулите во тешка категорија во 1996 година, но истата година загуби од Холифилд во првиот меч, пред во римечот исфрустриран во рингот му одгриза дел од увото.