Микаела Шифрин ја продолжи доминацијата во Светскиот куп, откако со резултат 1:42.99 минути, победи на слаломската трка во Земеринг.
Американката го забележа 15.триумф во оваа календарска година и успеа да го собори рекордот на Марсњел Хиршер. Австриецот оваа година има победа на 14 трки. 23-годишната Шифрин во Земеринг ја забележа 51. победа во кариерата.
Второто место и припадна на Петра Влхова од Словачка, која вчера победи во велеслаломската трка. Подиумот го комплетираше Венди Холденер од Швајцарија.
Шифрин води во генералниот пласман кај дамите со вкупно 1.034 поени, втора е Влхова со 568 бода. Во пласманот во слалом Шифрин има 500 поени, 100 повеќе од Влхова.