Македонската одбојкарска репрезентација, вечерва, може да направи голем чекор кон пласман во елиминацикстата фаза на Европското првенство. Македонија, заедно со Италија, Израел и Бугарија е домаќин н 33. континетален шампионат.
По победата над Данска од 3:1, во првата рунда, Македонија со победа ќе се доближи до нокаут-фзата и во исто време речиси ќе ја елиминира Црна Гора од борбата за едно од првите четири места. Црногорците во првото коло доживеаја пораз од 3:1 во дуелот со Холандија.
До крајот на фазата по групи Македонија ќе игра против апсолутните фаворити Полска и Холандија, а во последната рунда и против Чешка.
Фото/ Игор Паневски