Леон Спинкс, поранешниот олимиски боксерски шампион, кој го направи едно од најголемите изненадувања во спортот со победата над Мухамед Али во својот осми професионален меч, почина 67 годишна возраст во Лас Вегас.
Сопругата на Спинкс, Бренда Глар Спинкс ја потврди веста дека боксерот, кој се бореше со рак на простатата последните неколку години, починал во нивниот дом.
Спинкс, познат по својата преголема љубов кон алкохолот, го победи Али на поени по 15 рунди во 1978 година за да ја освои титулата во меч во кој не беше рангиран и беше избран бидејќи Али сметаше дека му треба лесен противник. Седум месеци подоцна на „Супердоум“ во Њу Орлеанс, Али се одмазди со победа на поени. Спинкс уште еднаш доби шанса за титулата во тешка категорија, кога во 1981 беше нокаутиран од Лери Холмс, а продоли со боксот до средината на 1990-тите завршувајќи ја кариерата со 26-3-17 скор.
Спинкс беше популарен кај боксерските фанови, но бргу ги потроши парите заработени од боксот поради проблемите со алкохолот, за по пензионирањето да работи како чистач во младински клуб во Небраска.