Top Sport

Ѓоковиќ: Не можам да кажам дека го почитувам Кирјос

Новак Ѓоковиќ признава дека нема многу „љубов“ и почитување кон својот ривал Ник Кирјос, продолжувајќи ја „војната“ со Австралиецот, кој не пропушта да го критикува светскиот број 1.

Кирјос неодамна го нарече осумкратниот шампион од Австралија опен „будала“ за неговата листа на барања за време на карантинот по пристигнувањето во Австралија, откако минатата година го критикуваше за организирањето на егзбициската Адрија турнеја, на која повеќе тенисери (вклучувајќи го и Ѓоковиќ) добија КОВИД-19.

Затоа, беше неизбежно прашањето кон Ѓоковиќ што мисли за 25-годишниот Кирјос.

„Мислам дека тој е добар за спортот. Тој е некој кој е поинаков од другите и оди на свој автентичен начин и тоа можам да го почитувам. Имам почит кон сите бидејќи секој е слободен да се однесува како сака и да прави што сака. Почитот е за тенисот, мислам дека е талентира и може да победи било кого. Надвор од тенисот, немам многу почит кон него, да бидам искрен. Тука ќе завршам, бидејќи не сакам да имам други коментари за него или за неговите коментари за мене и тоа што се обидува да го направи“, вели Ѓоковиќ.

Кирјос: Ѓоковиќ е будала

 

Кирјос: Ѓоковиќ никогаш нема да биде Г.О.А.Т, па тој мене не може да ме победи

 

Кирјос повторно го нападна Ѓоковиќ

 

Кирјос ликува што Ѓоковиќ и Иванишевиќ се позитивни на Ковид 19 (фото)

Scroll to Top