Двојниот параолимписки шампион, Симанд Рахман почина на 32 години од срцев удар.
Иранецот беше пионер во дигањето тегови и сруши 9 светски рекорди. Сепак ќе остане запаметен по освојувањето на златниот медал на ОИ во Лондон 2012 и во Рио во 2016 година.
Рахман на параолимписките игри во Рио подигна 310 килограми во конкуренција на мажи преку 107 килограми.
Тој беше роден со вродено пореметување на нозете, што го спречуваше да се натпреварува против останатите дигачи на тегови на ОИ.
Плановите на Рахман беа хет-трик со златни одличја, годинава на ОИ во Токио.