Американскиот пливач, Кејлеб Дресел оваа недела ја освои рекордната осма медаља на Светското првенство во Гвангжу, Јужна Кореја. Него му припадна среброто на штафетната трка 4×100 метри мешано.
Дресел стана првиот пливач кој освои осум медали на едно Светско пливачко првенство. Тој освои 6 злата и 2 сребра во Јужна Кореја, па светските медиуми со право го нарекуваат наследник на Мајкл Фелпс.
Заедно со Рајан Марфи, Ендру Вилсон и Нејтан Едријан беше за 0,35 секунди поспор од штафетата на Велика Британија која победи со нов европски рекорд, 3:28,10 минути.
Британците пливаа во состав Лук Гринбек, Адам Пити, Џејмс Гај и Скот Данкан. Бронзата и припадна на штафетата на Русија.
За потсетување како Дресел го сруши светскиот рекорд на Фелпс на 100 метри пеперутка: