Данецот Јонас Вингегард е нов носител на лидерската жолта маичка на Тур де Франс, по пеколниот ден за словенечкиот лидер и актуелен шампион Тадеј Погачар на 11. етапа.
Минатогодишиот вице-шампион Вингегард нападна наа 4.9 километри пред крајот на етапата, за да го остави Словенецот зад себе, кој не ги изддржа постојаните напади од тимот на Вингегард, Џамбо-Висма. Тие ја презедоа контролата на искачувањето Галибие, изолирајќи го Погачар, кој на крајот потклекна на последното искачување на денот, Кол ду Гранон, во должина од 11.3 километри со просечно искачување од 9.2 отсто.
Од тој момент, низа велосипедисти се дистанцираа од Погачар – Наиро Квинтана беше втор зад Вингегард, со Роман Барде на третото место. На крајот, Вингегард има 2 минути и 16 секунди предност пред Барде, додека Погачар сега е трет со 2:22 послабо време.
? Jonas Vingegaard does the double in an incredible stage!
? Watch the last KM now!
? Jonas Vingegaard fait coup double après une étape sensationnelle !
? Revivez le dernier KM#TDF2022 | @Continental_fr pic.twitter.com/zPG7g4c2QH
— Tour de France™ (@LeTour) July 13, 2022