Полска ММА организација се откажа од можноста да промовира меч во кафезот помеѓу двојници на рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по бурните реакции во јавноста.
Актерот Антони Кроликовски, кој го најави мечот меѓу Умит (двојникот на Путин) и Славек (двојникот на Зеленски), вели дека добиле илјадници пораки и дека мечот нема да се оддржи.
„Се извинувам што нашата иницијатива предизвика толку емоции. Ја сфаќам загриженоста, но ветувам дека иницијативата ќе донесе помош за Украина и нема да има вистинска битка на двојници“, изјави Кроликовски.
Breaking: It’s official Putin will face Zelensky in a MMA Bout for Ukraine…The fight to be hosted in Poland pic.twitter.com/JiRKHGTgZZ
— MMAFPress (@MMAFPress) April 3, 2022