Top Sport

Полски ММА фајтер дисквалификуван за фудбалско „шутирање“

Полскиот ММА фајтер во велтер категорија, Амадеуш Рослик ја загуби победата над својот сонародник Адријан Полански, откако го нокаутираше со „фудбалски“ удар додека тој беше на подот.

Рослик прво го прати Полански на подот со одличен удар со раката на Фејм ММА 7 настанот во Варшава, но откако го шутна во главата, веднаш беше дисквалификуван. Според ММА правилата, фајтерот се смета за „приземјен“ ако рацете или колената му се на подот, и во тие моменти не се легални удари со колено и нога во главата. Вакви удари се легални само уште во јапонската РИЗИН федерација.

И покрај ова Рослик и Полански не го „растурија“ пријателството поради дисквалификацијата, фотографирајќи се заедно по мечот.

Scroll to Top