Македонскиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев го имаше вториот настап на Светското првенство во пливање што се одржува во Гвангжу, Јужна Кореја.
Поп Ацев имаше солиден настап на трката на 25 километри која ја заврши за четири часа, 54 минути и 39,90 секунди. Во конкуренција на 22 пливачи Поп Ацев го освои 13 место.
Првото место го освои Аксел Рејмонд од Франција, инаку рекордер на Охридскиот маратон. Поп Ацев имаше за 3,33 минути послаб резултат од победникот. Втор трката ја заврши Русинот Кирил Балјаев, а трет беше Италијанецот Алесио Очипинги.
Победникот Аксел Рејмонд, Франција