Белгиецот Џеле Валаис стигна до неочекувана победа на 18. етапа на Вуелта Еспања пред Норвежанецот Свен Ерик Бистром, откако двајцата успеаја да избегаат од главната група и ги оставија спринтерите во сенка во последната спринтерска етапа на Вуелта во Леида.
Британецот Сајмон Јејтс заврши безбедно во главната група пред двата одлучувачки денови на Пиринеите, каде што ќе се одлучи победникот на трката.
Сите предвидувања за рамната етапа од 186.1 километри од Арагонија во Каталонија беа дека ќе има спринтерски финиш, но Валаис (Лото-Судал), Бистром (УАЕ Тим Емирати) и Холанѓанецот Јетсе Бол (Бурхос-СМ) решија да влезат во напад за кој никој не веруваше дека ќе успее.
Со силен ветер во грб, тие неочекувано успеаја да ја задржат разликата на 2-3 минути, за во последните 10 километри да дојдат на 35 секунди предност. Зад нив, светскиот шампион Петер Саган се обиде да ги престигне, но заедно со Елија Вивијани (Квик-Степ) им недостасуваа стотина метри за ваков подвиг.
Во генерален пласман немаше промени – Јејтс (Мичелтон-Скот) остана 25 секунди пред Алехандро Валверде (Мовистар) и 1:22 пред Енрик Мас (Квик-Степ), додека четврт е Колумбиецот Мигуел Анхел Лопез (Астана).
Etapa 18 | Stage 18 #LaVuelta18
?? Vive el último kilómetro de la victoria de @jellewallays gracias a @CarrefourES
?? Live the last km. of Jelle’s victory thanks to @CarrefourES#CarrefourConLaVuelta pic.twitter.com/kgqqYD6SSF— La Vuelta (@lavuelta) September 13, 2018