Top Sport

Потегот на српската одбојкарка ги навреди Тајланѓаните, ја обвинија за расизам

Женската одбојкарска репрезентација на Србија стигна до 3:0 победа над Тајланд во Лигата на нации, но мечот падна во сенка по расистичкиот потег на либерото на Србија, Сања Ѓурѓевиќ, која по еден поен ги накоси очите.

Одбојкарската федерација на Србија реагираше на обвинувањата, тврдејќи дека немало расизам во потегот, но и дека Ѓурѓевиќ се извинила на цел тајландски тим и дека само сакала да покаже дека треба да играат „одбрана како нив“.

Scroll to Top