Top Sport

Поветкин го победи братот на Тајсон Фјури по 12 рунди (видео)

Британскиот боксер, Хири Фјури, помлад брат на попознатиот Тајсон Фјури е поразен од Александер Поветкин по завршени 12 рунди, со одлука на судиите. Фјури помладиот издржа неколку тешки удари.

Еден од најатрактивните моменти на борбата беше во петтата рунда кога Поветкин со десно кроше го здрма Фјури, но овој успеа да остане на нозе.

Во последната рунда, двајцата боксери влегоа со отворен гард, а судиите победата му ја доделија на рускиот ветеран.

„Разочаран сум, го дадов најдоброто од себе и на крајот испадна дека тоа не е доволно. Требаше малку повеќе да се држам до мојот стил, но што е тука е“ – рече Фјури по поразот.

https://youtube.com/watch?v=SgNICrsFN38

Scroll to Top