Top Sport

Шкртел добил „шут-карта“ по само три недели во Аталанта

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека заврши авантурата на словачкиот интернационалец, Мартин Шкртел (34) во Аталанта и тоа по само 3 недели.

Шкртел во Бергамо стигна како слободен играч, потпиша едногодишен договор вреден еден милион евра. Сепак, се чини веднаш ќе го напушти клубот откако имал расправија со тренерот, Џампјеро Гасперини.

Информациите се дека раководството на клубот одлучило да го раскине договорот со Шкртел кој имал непрофесионален однос кон стручниот штаб.

Аталанта останува без искусно име во дефанзивниот ред пред новиот предизвик, прво учество на клубот во фудбалската Лига на шампиони.

Противници на Аталанта во дебитантското учество во ЛШ се Манчестер Сити, Шахтјор и Динамо Загреб.

Scroll to Top