Русинот Александер Поветкин ќе се обиде вторпат да го совлада британскиот ривал во тешка категорија, Дилијан Вајт во меч кој е наречен „Rumble on the Rock“ (мешаница на карпата), во Гибралтар на 27 март, а претходно ќе престојуваат на јахтата „Санборн хотел“, прв хотел со пет ѕвезди чки на една јахта.
Ова е втора необична дестинација за нивните мечеви, откако Поветкин го нокаутираше ривалот во градината на промотерот Еди Херн во Англија, каде што се организираше мечот поради пандемијата на КОВИД-19.
Хотелот „Санборн“ е поставен на јахта вредна 150 милиони фунти, на која има 189 соби, а најскапата чини 2.000 фунти по ноќевање. Победникот од мечот, речиси сигурно станува еден од најголемите конкуренти за титула во тешка категорија.