Александер Поветкин и Дилијан Вајт ќе се борат во тешкашки дуел по кој победникот може да добие шанса за титулата, но многу понеобична е локацијатна мечот – во дворот на промотерот Еди Херн во август.
Херн се обиде да го имитира УФЦ шефот Дејна Вајт и да најде начин да организира боксерски меч при епидемија на корона вирус, и решението го најде во дворот на својата вила во Есекс во југоисточна Англија. Таму ќе се оддржуваат четири меча од 1 до 22 август (секоја недела по еден) и нема да биде дозволено присуство на гледачи.
Мечот во супер-велтер категорија меѓу британските боксери Сем Егингтон и Тед Чизмен ќе се оддржи на 1 август, додека на вториот меч на 7 август во рингот ќе влезе Тери Харпер во одбрана на ВБЦ титулата во супер-перо категорија против Наташа Џонс. Феликс Кеш и Џејсон Велборн ќе бидат главни на третиот викенд, додека четвртиот е најдобриот, дуелот на тешкашите Дилијан Вајт и Александер Поветкин.
? #FightCamp pic.twitter.com/n7sAbPBRie
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) June 26, 2020
????#FightCamp pic.twitter.com/biO5dhG3WK
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) June 26, 2020