Новак Ѓоковиќ, одбраната на титулата на Австралија опен, ќе ја започне против францускиот тенисер Жереми Шарди. Вториот носител, Рафа Надал, во првата рунда ќе игра против сонародникот на Ѓоковиќ, Ласло Ѓере.
Најголемите фаворити за трофејот во Мелбурн, имаа поволна ждрепка. Ѓоковиќ доколку го мине Жарди, во второто коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Френсис Тијафо и Стефано Траваља. Во третата рунда го чека Американецот Тејлор Фриц, а во осмина-финалето можни противници му се Милош Раониќ или Стен Вавринка.
Проектирани противници во четврт и полу-финалето на Ѓоковиќ му се Александар Зверев и Доминик Тим.
Надал по дуелот со Ѓере, би можел да игра со уште еден српски тенисер, Виктор Торицки. Во четвртото коло можен противник на Шпнаецот е домашниот играч Алекс Де Минор, а потенцијални противници во четврт-финалето му се Карен Хачанов, Фабио Фоњини или Хуркач.
Во полу-финалето, надал може да игра со Андреј Рубљов, Данил Медведев или Стефанос Циципас.