Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) го објави новиот термин во кој ќе бидат одржани Олимписките игри во Токио.
ИОК официјално објави дека Игрите ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година. Минатата недела поради коронавирусот ИОК во договор со владата на Јапонија ги одложи Игрите кои според календарот требаа да се одржат од 24 јули до 9 август оваа година.
Агеннцијата Ројтерс пренесе дека Јапонија ќе претрпи големи финансиски загуби бидејќи во организацијата на Игрите вложила 13 милијарди долари.
„Сакаме да ги испочитуваме сите оние што купиле билети, но останува да видиме како ќе го решиме овој проблем“, рекол првиот човек на Одборотза организација на ОИ Тиширо Муто.
IOC, IPC, Tokyo 2020 Organising Committee and Tokyo Metropolitan Government announce new dates for the Olympic and Paralympic Games Tokyo 2020 https://t.co/QITtT5dcl8 pic.twitter.com/DHi4u74ZXa
— Olympics (@Olympics) March 30, 2020