Шпанката Гарбиње Мугуруса и Романката Симона Халеп ја формираа втората полу-финална двојка на Австралија опен.
Мугуруса во четвртфиналето ја победи Анастасија Пављученкова, додека Халеп беше подбра од Анет Контавејт.
Шпанската тенисерка против русинката на теренот мина 94 минути и во два сета (7/5, 6/3) се пласираше меѓу најдобрите четири на турнирот. Мугуруса прв пат во кариерата ќе игра во полу-финалето во Мелбурн.
За разлика од Мугуруса, Халеп експресно ја мина Естонката Контавејт. Романката загуби само два гема и за само 53 минути го доби мечот со 6/1, 6/1.
Халеп во 2018 година загуби во финалето од Каролин Вознијацки.
Првото полу-финале во женска конкуренција ќе се одигра утре помеѓу првата носителка Ешли Барти и 15 на ВТА листата Софија Кенин.