Шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ќе ја брани титулата во април наредната година. Тони Фергусон ќе му биде противник на Нурмагомедов на 18 април 2020 година во Бруклин.
Информацијата дека е познат противникот, датумот и местото на борбата ја потврдил на Твитер менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделазиз.
Хабиб и Фергусон конечно ќе се соочат во октагонот, откако претходните четири нивни закажани соочувања беа откажуваби поради повреда на едниот или другиот борец.
Хабиб во кариерата нема пораз во 28 борби, додека Фергусон има 25 победи и три порази.